ЧОВЕКОТ НА ТРАМП ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ
Американскиот сенатор Рон Џонсон, денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и останатите лидери политичките партии во Собранието. Џонсон е претседавач на Комитетот за национална безбедност и владини работи и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика. Близок соработник е на претседателот Доналд Трамп, кој е задолжен за специјални мисии. Сенаторот Џонсон доаѓа во Скопје по посетите на германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на референдумот за името на 30 септември
