|

Одбележуваме 99 години од убиството на Петар Чаулев

На 23-ти декември 1924 г., во Милано, Италија е убиен ПЕТАР ЈАКИМОВ ЧАУЛЕВ. Роден е 1880 г. во Охрид. Завршил Бугарска гимназија во Битола, каде што членувал во револуционерен кружок. На 17-годишна возраст се вклучил во редовите на ВМОРО. Учителствувајќи во Охрид, во исто време станал секретар на организационите чети во Охридско. Како војвода на селската чета од с. Мешеишта за време на Илинденското востание учествувал во востаничките борби во Охридско и Крушевско. По востанието дејствува со мала чета од 5-6 души во реонот на Галичица. Во 1907 г. бил избран за Охридски реонски војвода. На Ќустендилскиот конгрес во 1908 г. учествувал како делегат на Солунскиот револуционерен округ. По Хуриетот од 1908 г. се присоединил кон Народната федеративна партија – Бугарска секција на Јане Сандански. Бил против разоружувањето на ВМОРО и е затворен од младотурците, но успеал да избега во Албанија. Во 1911 г. заедно со Тодор Александров и Христо Чернопеев е избран за член на ЦК на ВМОРО. Во Цетиње се среќава со членови на Албанскиот револуционерен комитет. За време на Балканските војни раководел со чета во Македоно-одринското ополчение. Во јуни 1913 г., учествувал во Тиквешкото востание, против србските окупатори и го ослободува Неготино и Кавадарци заедно со другите чети на ВМОРО. Во Елбасан на средба со Сефедин Пустина се договора за организирање на востание во Охридско-Дебарско против србските окупатори. Учествува во Првата светска војна во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија на Бугарската армија. Учествувал во ослободувањето на Крушево и бил назначен за околиски началник во Охрид. По војната одново е избран за член на ЦК на Организацијата. Во 1924 г. го потпишал Мајскиот манифест, после кое и изолиран од ВМРО. Се идава смртна пресуда против П. Чаулев и е убиен од Димитар Стефанов од с. Моричино, Кратовско, егзекутор на ВМРО.

“Осумнаесет годишнината на Илинденското востание празнува денес Бугарскиот народ. Ужасите преживеани при тој народен протест, беа такви, што мислам, на секој еден од нас, што ги преживеале, се пресни во паметта, небаре вчера се случило. Востанието беше масовно – мажи, жени, деца и старци – сите тргнаа по горите. Штабот на востанатиот народ не ги поштеди и не ги скроти дури ни оние Бугари од најзападните краишта на Македонија, забутани покрај албанската граница, чија судбина, секој можеше да ја предвиди, дека уште на вториот ден ќе биде предодредена.“

ПРВИОТ ПОЛЕТ, Петар Чаулев, 1921 г.

Слични Објави