|

ЧУЛЕВ: ПРИВЕДЕНИ СЕ 42 ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Вкупно 79 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 12 се лица на возраст до 18 години.
Од страна полициските службеници приведени се 42 лица, опоменати се вкупно 8 лица, а за 26 лица земени се податоци за понатамошно постапување.

Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 62 кривични пријави за 75 сторители.

За 97 лица издадени се решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката, стои во објавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на неговата facebook страна.

Слични Објави