ЦРНАТА СЕРИЈА ПРОДОЛЖУВА: ШПАНИЈА ЈА НАДМИНА ИТАЛИЈА ПО БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

/

Регистрирани се нови 932 смртни случаи од коронавирус во Шпанија, во последните 24 часа, со тоа вкупниот број на починати се покачи на 10.935, информира шпанското Министерство за здравство.

Црната статистика покажува дека веќе втор ден поред во Шпанија умираат повеќе од 900 луѓе.

Потврдени се 7472 нови случаи на заразени, со тоа бројката достигна 117 710 лица. Повеќе од 30 000 се излечиле, а над 56 000 се хоспитализирани.
Со најновите бројки, Шпанија ја надмина Италија и е втора најнаселена земја во светот со најмногу заразени случаи после САД.





Претходна статија

ЈОВАНОВСКА: РОДИЛКАТА СО КОРОНАВИРУС Е ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, БЕБЕТО НЕМА КОРОНАВИРУС И Е СТАБИЛНО

Следна статија

ВРАБОТЕН ВО СЛУЖБАТА НА ИТНА ПОМОШ ЗАРАЗЕН ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Најново од Вести