|

ЦУК: Во последното 24 часа имало вкупно 35 пожари, а активни се уште два

Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на последното деноноќие во државава биле регистрирани вкупно 35 пожари.

Оттаму велат дека утрово активни се само два пожари и тоа во Македонски Брод, близу селото Белица, кај месноста „Аргулица“. Таму гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

Вториот пожар е во Општина Боговиње, кај Ново Село, кадешто гори мешана шума и ниска вегетација.

Слични Објави