13 ЛУЃЕ ЗАГИНАА А НАД 25 СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌАТА СО АВТОБУС КАЈ СЕЛОТО ЛАСКАРЦИ

Вести Истакнато Македонија

Тринаесет патници загинаа, а над 25 се повредени откако автобус со 50-ина патници денеска излета од патот Скопје – Тетово и се преврте во провалија кај селото Ласкарци, во близина на Карпалак. Точниот број на загинати и повредени го потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира дека, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешните обиди да бидат реанимирани и спасени. Во скопската болница 8-ми Септември биле однесени 25 патници, а на скопските клиники петмина повредени. Меѓу хоспитализираните лица, двајца се во критична состојба и лекарите се борат за нивните живот. Повредена е и една трудница, која, како што рече министерот Филипче, најверојатно ќе биде пуштена дома. Во спасувањето на патниците учествувале голем број пожарникарски и медицински екипи, а на самото весто веднаш по несеќата биле упатени сите амбулантни возила на Здравствен дом Скопје и на приватните скопски болници Систина и Неуромедика.