| |

ТУРЦИЈА ИСПРАТИ ТОНОВИ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА КАКО ПОМОШ ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Турција изминатата ноќ испратила тони медицински материјали на Велика Британија како помош во борбата против коронавирусот, пренесува турскиот CNN-Turk. Пратката била натоварена на авион на Кралските воздухопловни сили во Истанбул.

Според британскиот министер за станбени прашања, Роберт Џенрик, Велика Британија очекува 84 тони материјали за лична заштита од Турција, вклучително. 400.000 престилки.
Ова не е прва прва помош за Велика Британија испратена од Турција, забележува телевизијата. Претходно, два воени авиони на турските Воздухопловни сили однесоа медицинска опрема во Велика Британија.



Слични Објави