(ВИДЕО) ЛИДИЈА, БИСЕРА И ОРКЕСТАР „ШЕВИЦА“ СО ПРЕКРАСНА ПЕСНА ЗА ВОЈВОДАТА НА ВМРО СТОЈАН М’ЛЧАНКОВ

/

Прекрасната песна е дел од документарен филм за познатиот пирински војвода Стојан М’лчанков. Повеќе за проектот можете да научите на неговата официјална facebook страна.

Песната е ја изведуваат младите и талентирани пејачки на изворна музика од село Драговиштица Бугарија, Лидија Ангелова и Бисера Иванова. Текстот на песната е напишан од Ивајло Шопски.

Премиерата на песната се случува денеска, кога се навршуваат 100 години од убијството на големиот пирински војвода и припадник на ВМРО

Стојан М’лчанков е роден во 1874 г. во неврокопското село Скребатно. Учи во своето родно село и во Солунската бугарска машка гимназија, токму во тоа време влегува во редовите на Организацијата.

За време на Илинденското востание е војвода на чета во неврокопско и учествува во неколку битки со турскиот аскер.

По востанието станува околиски војвода во Неврокоп и се дистанцира од крилото на Јане Сандански.

Осудуван е два пати на смрт од турските власти, првиот пат е амнистиран по Младотурската револуција од 1908 г, а вториот пат пресудата му била заменета со доживотна робија во турските зандани.

М’лчанков е учесник во Балканските војни како војвода на чета. Бил околиски началник на Неврокоп, учествува со група од 480 комити во опсадата на Одрин. За време на Втората балканска војна храбро се бори против српскиот окупатор кај Страцин.



Бил близок со Тодор Александров и Пејо Јаворов.

Во 1919 г. станува пратеник во бугарскиот парламент од редовите на Народната партија.

Убиен е по наредба на Тодор Паница на 22 април 1920 г. во месноста Буковска лака, на патот Неврокоп-Разлог.

Претходна статија

ТУРЦИЈА ИСПРАТИ ТОНОВИ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА КАКО ПОМОШ ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Следна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ КОЈ ПОВИКУВАЛ ЛИЦАТА СМЕСТЕНИ ВО КАРАНТИН ВО БИТОЛА ДА БИДАТ УБИЕНИ

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи