Д-Р ГОРАН ОД ГЕРМАНИЈА: САНДАЧЕТО МИ Е ПРЕПОЛНО СО ПОРАКИ – СЕ ТРУПАА, ПА ОДЛУЧИВ ПРЕКУ ВИДЕА ДА ОДГОВАРАМ НА ПРАШАЊА

Веруваме дека многумина од вас го сретнале профилот Доктор Горан на Инстаграм. Станува збор за доктор Горан Трајковски од Скопје, или постручно специјализант по интерна медицина во Баварија, со осврт на интензивна нега, ургентен центар, кардиологија, гастроентерологија и палијативна нега.

За многу краток период, тој стана најпопуларниот доктор во нашата земја на оваа социјална мрежа, со над 18.000 следбеници, чија бројка од ден на ден расте.

-Јас бев „на времето“ активен на Фејсбук. Кога се преселив во Германија ги избришав сите социјални мрежи и со тоа си отворив временски прозорец за да се посветам на јазикот и учење на се она што е ново, кажа во една прилика Горан и додаде:

-Сега кога веќе сум одредено време овде решив пак да се вратам на социјалните мрежи, се надевам не само подостарен туку и подобрен.

Инаку ми претставува задоволство кога сум на Инстаграм и ќе успеам да насмеам некого или па ќе пренесам знаење. Се разбира кога почнав со Инстаграм не очекував дека ќе го напишам ова.

За жал веќе не стигам да одговорам на сите пораки. На почеток се „борев“ секоја вечер да го исчистам инбоксот, ама од пред некое време веќе не оди. И за жал се откажав и сега само се трупаат пораки.

Затоа почнав со „Live-видеа“ каде што можам директно да одговорам на најчестите прашања па ќе видиме како ќе биде. Не сметам дека сум популарен, повеќе се сметам за „достапен“.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Галама

Слични Објави