МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: ЗАРАДИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ШТИПСКАТА БОЛНИЦА НЕ МОЖЕ ДА КУПУВА КИСЛОРОД И ЛЕКОВИ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19
Во услови на предвремени избори за градоначалник на Штип од една страна нè притискаат законите и Антикорупциската комисија, а од друга ширењето на пандемијата со ковид-19 која не трпи одлагања на неопходниот медицински материјал, вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев, јавувува СДК.
Тој објаснува дека во последните недели се зголемила потребата за медицински кислород поради големиот број пациенти хоспитализирани со ковид-19, а со тоа и на боците за кислородна поддршка.
Според него, од Антикорупциската комисија им било сугерирано времено да позајмат лекови и слично од други установи, но со оглед на тоа што сите медицински центри се во лоша состојба, тие решиле да изнајдат некаков законски модус на позајмица во време на пандемија со помош на самото Биро за јавни набавки или генерално од Министерството за здравство како најбезболно решение за сите кое ќе биде и законски и во интерес на граѓаните, а пред сè на болните од Ковид-19.
