Д-Р ЛАЗАРОВ: ДОДЕКА СТЕ НАСЕКИРАНИ ЗА БЕЈРУТ ВО ОХИС ИМА ТОКСИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ШТО МОЖЕ ДА ГО ПОКОСИ ПОЛОВИНА СКОПЈЕ
„Додека сте насекирани за Бејрут:
Во Охис има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут.
Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град!“, напиша на својот профил на социјалната мрежа facebook д-р Ненад Лазаров.