| |

Д-р Милен Врабевски прогласен за почесен граѓанин на  Општина Тетевен, Бугарија

Советот на Општина Тетевен во Бугарија го прогласи д-р Милен Врабевски за почесен граѓанин, соопшти Фондацијата „Бугарска памет“. Највисокото градско признание му е доделено за неговиот општествен и донаторски придонес, зачувувањето на локалното историско наследство и поддршката на културни и образовни иницијативи за децата и младите.

„Ова признание е за човек кој не само што ја чува врската со своите семејни корени, туку ја претвора во мисија посветена на Бугарија, на нејзината историја и на иднината на младите генерации“, истакнал претседателот на Советот на Општина Тетевен во своето поздравно обраќање, се наведува во објавата на Фондацијата.

Меѓу придонесите на Врабевски се одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на хаџи Стањо Врабевски, обновувањето на споменикот на Георги Бенковски и уредувањето на просторот околу него во месноста Костина кај Рибарица, како и поддршката за зачувување на други историски обележја на Тетевен.

Преку Фондацијата „Бугарска памет“, тој поддржува иницијативи за обновување историски споменици, популаризација на локалната историја и развивање родољубие кај младите, се наведува во соопштението.

Врабевски е потомок на хаџи Стањо Врабевски, претседател на Тетевенскиот револуционерен комитет и соработник на Васил Левски, како и на Петко Милев-Страшни, заменик-претседател и благајник на комитетот.

Слични Објави