Документарецот „Духот на маскарадните игри“ ја доби наградата на странската публика на Меѓународниот фестивал „ОКО“
Од 3 до 11 октомври во Софија се одржа Шестиот Меѓународен фестивал на етнографскиот филм „ОКО“. Организаторите Тетјана Станева и Сергиј Сејналов собраа творци, истражувачи и љубители на филмот од пет континенти. Во натпреварувачките и тематските секции беа прикажани над 90 филмови со гледишта од целиот свет. Се одржаа бројни интересни дискусии меѓу режисери, антрополози, научници и гледачи, што докажува дека филмовите се едни од најсветлите гласници на културната размена меѓу луѓето и народите.
Наградата на странската публика ја доби документарниот филм „Духот на маскарадните игри“ (Бугарија/Италија, 2025). Сценарист и режисер е Росица Лазарова – Сбаралија. Камерата и монтажата се дело на Рафаеле Педале, а музиката е на Ивајло Маџаров.
Документарниот филм „Духот на маскарадните игри“ е создаден според националната програма „Нераскажаните приказни на Бугарите“ на Министерството за образование. Филмот ги истражува зооmорфните маски како дел од европскиот културен идентитет. Лентата ги споредува двата извонредни фестивала – „Сурва“ во град Перник (Бугарија) и Европскиот карневал на зооmорфните маски во Изернија (Италија). Иако се наоѓаат на илјадници километри еден од друг, тие се длабоко поврзани преку древната маскарадна традиција.
Учеството на децата од бугарското неделно училиште „Абагар“ во Рим, Нетуно и Ладисполи е една од главните наративни линии во филмот. Таа ја нагласува врската меѓу генерациите и улогата на најмладите во зачувувањето на европското и националното културно наследство.
