Бугарскиот црвен крст ги награди планинските спасувачи и волонтерите кои учествуваа во потрагата по 12-годишниот Александар

/

Националниот совет на бугарскиот Црвен крст ги награди планинските спасувачи и волонтери на организацијата, кои учествуваа во потрагата по 12-годишниот Александар од градот Перник. Благодарници беа доделени и на волонтерите од клубот за летање и параглајдинг од Перник.

Емил Нешев, директор на Планинарската спасувачка служба при БЦК, во име на сите спасувачи ја прими почесната плакета на Организацијата за нивната професионалност и посветеност во текот на сите денови што траеше спасувачката акција.

„Најтешки се акциите за потрага по исчезнати лица, неопходна е исклучително добра организација и подготвени спасувачи и волонтери. Секоја информација е клучна во такви моменти, и сега беше, така, тоа ни помогна да го лоцираме местото каде што го најдовме Александар“, истакна Емил Нешев при доделувањето на наградата.

„Им благодариме на сите достојни луѓе кои не се откажаа во деновите на акцијата. Бугарскиот Црвен крст се гордее со вас, бидејќи уште еднаш ја докажавте својата професионалност“, рече претседателот на Црвениот крст на Бугарија, академик Христо Григоров.

Генералниот директор на БЦК проф. д-р Красимир Гигов истакна дека не е случајно тоа, што сите бугарски граѓани ѝ веруваат и се потпираат на Планинарската спасувачка служба во моменти на криза.



„Искуството и обуката на спасувачите и волонтерите на ПСС уште еднаш одиграа клучна улога во позитивниот исход за решавање на случајот, кон кој сите гледавме со загриженост“, рече проф. Гигов.

Во акцијата за спасувањето на малиот Александар учествуваа вкупно 55 спасувачи и волонтери од Планинарската спасувачка служба на БЦК и 12 специјално обучени кучиња.

Претходна статија

Владата иницира одземање на државјанството на Онишченко

Следна статија

Благоевград ќе биде домаќин на турнир по спортска гимнастика за деца и кадети, ќе земат учество и натпреварувачи од РС Македонија

Најново од Вести