| |

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВААТ СО РАБОТА ЦЕНТРИТЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА Д-Р МИЛЕН ВРАБЕВСКИ НА ДВА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ СО РС МАКЕДОНИЈА

Центрите за вакцинирање најавени од бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски и наменети за македонските државјани веќе се факт и ќе започнат со вакцинирање, дознава Трибуна од свои извори.
Според планот вакцинацијата на граничните премини Делчево- Станке Лисичково и Ново Село-Златарево во Бугарија, ќе започне по 14 часот на 17 мај во понеделник. Како што најави претходно д-р Милен Врабевски, вакцина ќе можат да добијат сите македонски граѓани без разлика дали поседуваат бугарски пасош или не и никој нема да биде вратен.

Слични Објави