Д-р Милен Врабевски- „супер херој“ на фондацијата „Сакам бебе“ во Бугарија
Фондацијата ,,Сакам бебе” во Бугарија го одбележа својот 18-ти роденден. Настанот се одржа во градот Тројан со основната финансиска помош на бугарскиот бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски.
Од 21 до 23 март координаторите на Фондацијата на цела Бугарија одржаа отчетен состанок и на кои беа поставени следните чекори во поддршката во идејата за повеќе деца во Бугарија. Специјален акцент на настанот беше гала концертот со учество на легендарната Ваља Балканска , Петар Јанев, Трио сопрано и талентираните деца од вокалната формација ,,Гласови” од градот Тројан. Д-р Милен Врабевски како најголем донатор на Фондацијата од нејзиното создавање беше специјален гостин на настанот. Претседателката на ,,Сакам бебе” Марија Јанева, му врачи уникатна скулптура симбол на цврстина и надеж.
Децата родени благодарение на неговата финансиска помош се обратија кон познатиот бугарски бизнисмен со зборовите ,, вие д-р Врабевски сте цврстата карпа врз која ја градиме љубовта кон нашите семејства и татковината.”
Малата Радина Инчева од Момчилград го изненади д-р Врабевски со рачно изработена признаница нарекувајќи го нашиот супер херој.
