| |

ДАЛИ БУГАРИЈА ИМ СПРЕМА „ЛАДЕН ТУШ“ НА БУГАРСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОД МАКЕДОНИЈА КОИ ВОДАТ АНТИ-БУГАРСКА КАМПАЊА?

Во последно време во Софија станува се поактуелна темата за одземање на бугарските државјанства на лица од други земји вклучително и Македонија кои водат отворена анти-бугарска кампања со цел собирање на политички поени или други бенефити. Порано денеска пратеникот од редовите на ВМРО, Красимир Богданов, преку социјалната мрежа фејсбук објави дека „една од следните задачи ќе ни биде да поднесеме предлог-закон за одземање на бугарското државјанство на лица државјани на други држави кои го добиле преку натурализација или декларирано бугарско потекло, а во истото време вршат отворени антибугарски активности и пропаганди“.

Во интервју за нашиот портал европратеникот Андреј Ковачев од редовите на ГЕРБ и ЕНП изјави дека „Македонците што имаат бугарско државјанство, а шират омраза кон Бугарија треба да бидат објавени јавно, а нивните државјанства треба да се одземат“.

Наши извори во Софија не информираат дека во неформални разговори со одредени претставиници од администрацијата на претседателот Радев, исто така има расположение ваков закон да стане реалност. Доколку бугарската држава преземе реални мерки најверојатно е пасошите да не се одземаат дирекно преку бркање од државјанство туку по истекувањето на пасошите истите нема да бидат продолжувани.



Слични Објави