| |

СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА СЕ САМООПРЕДЕЛУВА КАКО ШТО САКА, ИСТОТО БИ ТРЕБАЛО ДА ВАЖИ И ЗА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ

Повеќе од срамно, неприфатливо и нецивилизирано е во 21-от век, да се негира правото на самоопределување! Секој човек има право да се самоопределува како што сака, бидејќи тоа е негово гарантирано право, како основна човекова и цивилизациска вредност која секој е должен да ја почитува.
Тоа е императив и со ова компромис нема!
Но за Бога, трагично, нечовечно и до голем степен жално, во истиот тој 21-ви век да не се почитува тоа исто право на веќе починатите.
Ние, кои сме најгласни пред светот да ни го почитува идентитетот денес, зарем не е малку невоспитано и вулгарно да не им го почитуваме истиот тој идентитет на починатите?

Популизмот и желбата за некој глас повеќе, искрената манипулација и прикривање на вистината за не знам кој пат ќе не донесе во ќорсокак.

Почит и слава на д-р Христо Татарчев, првиот претседател на ЦК!

Ова е неговиот тестамент, оригиналот се чуваше долги години во Рим, ја имав честа да го видам со сопствени очи. Прочитајте го и почитувајте ја волјата и желбата, како и правото на самоопределување на д-р Татарчев, за да го убедиме светот дека сме цивилизација од 21-от век и заслужуваме да го почитуваат и нашето право на самоопределување.
Има стар библиски принцип- „не го прави тоа што не сакаш на тебе да ти го направат!“
Нема ништо страшно и опасно во тоа луѓе кои не ја знаат вистината, водени од емоции или што и да е друго зборуваат невистини, но опасно, страшно опасно е за едно општество, луѓе кои ја знаат вистината , водени од лукративни цели да ја извртуваат или манипулираат истата таа вистина.

Автор: Петар Колев, претседател на ГДУ



Слични Објави