Радев: Одлуката на РСМ да го избрише бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника
Одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.
„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и немоќ, бидејќи властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не од сега, туку со векови. – од 1300 години. Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Северна Македонија, да ги вклучи Бугарите во својот устав“, изјави Радев.
