А1ОН: СЕ АПСИ КАТИЦА ЈАНЕВА
Полициски сили упаднаа во куќата каде што живее во Козле и ја приведуваат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициско возило.
Според информации на А1он, Јанева од пред извесно време е осомничена во случајот „Рекет“ и за неа неофицијално има одредени докази, иако вчера се чинеше дека покрај се таа нема да биде опфатена со случајот. Јанева ќе ја однесат кај судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе одреди привтор или не.
