|

Д-р Беќаровски: Ако не се скрати времето на изолација, наскоро нема да има кој да работи во државата!

Доктор Нико Беќаровски алармира до Комисијата за заштита од заразни болести итно да ги сменат протоколите за изолација.

-Почитувани членови на Комисијата за заразни болести. Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ќе нема кој да работи во државата! Сите ќе бидеме во изолација, вели Беќаровски.

Тој вели дека изолацијата треба да се намали на една недела.

-Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.

Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.

Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.

Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци, вели докторот.

Слични Објави