Стоев-Вархеји: Бугарија останува доследна на својата позиција: Бараме конкретни активности и гаранции за спроведувањето на договорот од РС Македонија

//

„Бугарија останува доследна на својата позиција во однос на европската интеграција на РС Македонија, истата се темели на Декларацијата изгласана во бугарскиот Парламент на 10 октомври 2019 г. и Рамковната позиција на бугарската Влада донесена на 9 октомври истата година“, изјавил првиот бугарски дипломат Светлан Стоев пред еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, пренесува бугарската информативна агенција БГНЕС.

Стоев подвлекол дека Бугарија бара конкретни активности и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од август 2017 г.

Министерот Стоев пред Вархеји ја потврдил принципната поддршка за европската интеграција на РС Македонија и земјите од Западен Балкан.

Стоев го запознал еврокомесарот Вархеји со напорите на Бугарија за враќање на довербата на сите нивоа и го информирал за одржаните екпспертски консултации меѓу двете министерства, што се одржале во последните неколку месеци.



„Очекуваме РС Македонија да покаже политичка волја за надминување на проблемите. Бугарија од своја страна останува активно ангажирана во барањето на можности за решавање на отворените прашања.“ вели министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев.

Претходна статија

Утврден редоследот на кандидатите за гласачкото ливче за локалните избори

Следна статија

Весковски ќе поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ за клевета: „Документите се фабрикувани, нецелосни и непотпишани“

Најново од Вести