Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на обраќањето на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.
Фетаи сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши.