| |

ДАЛИ ВО ВМРО ДПМНЕ АКО НЕ БОЈКОТИРАШ ТЕ РАЗРЕШУВААТ?

Сагата околу разрешениот организационен секретар Стево Насковски и уште неколкумина подсекретари од т.нар „реформаторско“ крило во ВМРО ДПМНЕ и покрај сите обиди на генералниот секретар Игор Јанушев да биде претставена како напумпана вест за внатрешна работа на партијата, отвора едно многу важно прашање поврзано со слободата на изразување во опозиционата партија. До нашата редакција стигнаа информации од внатрепартиски извори дека биле разрешени само партиски функционери кои не ја поддржуваат опцијата за бојкот на референдумот. Како пример нашите избори го посочуваат фактот дека сите кои јавно го искажале својот став против референдумот и преку апликации на социјалните мрежи, пропагираат бојкот, останале на своите партиски функции.

Ваквите профилни слики кај подсекретарите во ВМРО-ДПМНЕ кои останаа недопрени од метлата во партијата не се реткост. Токму затоа „Трибуна“ прашува: Дали во првата голема десничарска партија создадена во Македонија по осамостојувањето, владее едноумие и ако имаш различен став од раководството, ќе добиеш разрешување? Ако одговорот на ова прашање е ДА, тогаш ВМРО-ДПМНЕ навистина треба да поработи врз демократизацијата на партијата.

 

Слични Објави