ТРАМП ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА ВЕБ-СТРАНИЦА

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја објави својата веб-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со своите поддржувачи.

loading...

Дел од таа страница е посветен и на презентацијата на неговиот престој во Белата куќа.

На почетната страница се прикажани повеќе фотографии од Трамп со многу познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

„Кабинетот на Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата ‘Прво, Америка’, стои на почетната страница, објави „Ројтерс“.



loading...

Веб-страницата исто така ги прикажува достигнувањата на Трамп, вклучително и енергетскиот сектор и безбедноста на границите, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи и неговиот одговор во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Ројтерс“ додава дека не се споменуваат скандали, истраги за корупција, два обида за отповикување и напади врз демократски институции, што го одбележаа неговиот претседателски мандат.