Дарко Костовски: Дел од родителите ослободени од плаќање на партиципација за користење на услугите на градинката

/

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на неговата официјална facebook страна соопшти дека била изгласана одлука со која родителите кои се корисници на социјална помош и самохраните родители ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација за користење на услугите градинката во Општина Бутел.

„Денес на мој предлог, а од страна на советот на Општина Бутел беше изгласана одлука со која се ослободуваат од плаќање родителите корисници на социјална помош и самохраните родители.

Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат на најзагрозените фамилии.

Ова е уште една мерка од низата социјални мерки со која се помага на родителите.



Со низа проекти ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија“, напиша Костовски.



Претходна статија

МОН: Учениците нема да добијат скрипти, туки материјали кои се квалитетни и креативни

Следна статија

Мицевски: Ќе бараме отчет од Владата за трошењата во кризна состојба, нема да присуствуваме на собраниските координации

Најново од Вести