Перев за БНР: Луѓето во РС Македонија почнаа да разбираат дека проблемот со Бугарија не е едноставен

//

Договор не е постигнат и ветото на Бугарија се уште е над главата на Македонија -така ја опиша сликата во македонските медиуми редовниот колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев, по посетата на Рим на премиерите на Бугарија и Северна Македонија по повод празникот 24 мај.

Личноста на бугарскиот премиер е претставена во позитивно светло, а Румен Радев, Илијана Јотова Красимир Каракачанов и други се претставени како националисти, кои не дозволуваат почеток на преговорите, рече Перев.

Според него, „проблемот од ден на ден станува се посериозен“.

Во Македонија голем број генерации се едуцирале во систематска југословенска комунистичка пропаганда – Македонија се издигнувала на пиедестал како основоположник на целата европска цивилизација, вели Перев.

„Во однос на образованието што сме го добиле, ова е пораз за народот. Проблемот со кој се соочуваме е многу сериозен. Митот што луѓето го имаат за себе мора да се сруши.

Перев го истакна постоењето на „фиктивни приказни за илјадагодишната македонштина“ и рече дека секој критички глас кон оваа позиција е дочекан со санкции и изолација од јавниот живот.



Македонизмот е антибугарско чувство“, нагласи Перев.

Односот кон Бугарите во Македонија во различните историски периоди е изразен прво со насилство, потоа со тотален презир, а денес е во фаза на внимание, рече Владо Перев.

„Луѓето веќе почнуваат да сфаќаат дека проблемот со Бугарија не е толку едноставен. Колку повеќе ескалира прашањето за влезот на Бугарите во Уставот на РС Македонија, толку повнимателно се набљудуваат“.

Целиот разговор со Владимир Перев во емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио можете да го слушнете на следниот линк.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е свесен дека кариерата и фотелјата му се во скутот на ДУИ, затоа молчи за Џафери

Следна статија

Клековски: СДСМ моментално бојкотира, ВМРО-ДПМНЕ само блокира, има разлика

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да