| |

ДДВ за струјата на домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Со ова, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се до 30 јуни 2022 година.

По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Целта на воведување на повластените даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

Во попладневниот дел од расправата пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски рече дека намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 5 проценти треба важи за сите. И за граѓаните, и за домаќинствата, но и да важи за индустријата. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави