Шарл Мишел: Европската Унија размислува за дополнителна воена помош за Молдавија

/

Тоа ќе биде дополнителен пакет помош надвор од веќе договорената поддршка од ЕУ во областа на логистиката и киберодбраната.

Европската Унија ја разгледува можноста за обезбедување дополнителна воена поддршка за Молдавија, потврди денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, за време на неговата посета на Молдавија.

ЕУ размислува како да ѝ обезбеди на Молдавија поголема воена поддршка и помош во формирањето на вооружените сили, изјави Мишел на утринава заедничка прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду, пренесува „Ројтерс“.



Извор: Темите

Претходна статија

СДСМ: Со стратешки проекти инвестираме во енергетската независност

Следна статија

Џафери за најавената блокада од Мицкоски и Касами: Па нема војна да водам, ќе работам според деловникот

Најново од Вести