| |

(Видео) Ноев: Романтиката заврши- Бугарија бара Бугарите да бидат рамноправни со сите останати делови од народи во РС Македонија

Бугарија имаше наивна и романтичарска позиција во однос на РС Македонија. Си ги затвораше очите пред тоа што денеска го нарекуваме дебугаризација. Се разбудивме тогаш, кога од еднаш тие луѓе рекоа дека ги исполниле сите критериуми за влез во ЕУ, сакајќи да стават печат на се што правеле против македонските Бугари. Романтиката заврши. За да заврши овој спор Бугарија кажува јасно и гласно, сакаме Бугарите да станат рамноправни со сите останати делови од народи. Ние не зборуваме за малцинства. Бараме Бугарите да учествуваат во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот живот во РС Македонија. Ние очекуваме Бугари пратеници во македонското Собрание. Таму има веќе партија која ги отсликува интересите на Бугарите и таа се вика Граѓанско демократска унија. Најавите за некакви нови партии, се дело на етузиасти од Бугарија.

Ова во емисијата „Денот со Веселин Дремџиев“ на бугарската телевизија ТВ Плус го изјави поранешниот министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев.

„Бугарија заземала една може да се рече наивна позиција според мене. Истата позиција може да се нарече и романтичарска, како што велеше претседателот Петар Стојанов. Ние сме се надевале и се надевавме, јас како учесник во тие процеси, токму во времето на граѓанската војна таму, како министер за одбрана, мислевме дека кога помагаме на тој народ, на тоа општество, тие да тргнат по патот на независната држава, да се зацврстат, да бидат добри со соседите. Ние сме биле наивни и сме ги занемарувале некои работи. Сме ги затворале очите пред тоа, што денеска го нарекуваме дебугаризација. Се разбудивме, тогаш кога одеднаш, тие луѓе кои сакаат да станат дел од ЕУ, велат дека ги исполниле сите критериуми и сакаат да стават печат, на се што правеле против Бугарите. Тоа нема да се случи и Бугарија рече „Крај“. Романтиката заврши“, вели Ноев.

Поранешниот министер јасно ги оцртува барањата на Бугарија, за да може РС Македонија да добие „зелено светло“ за старт на преговорите со ЕУ.

„Ние бараме рамни права за македонските Бугари. За да заврши овој спор Бугарија кажува јасно и едноставно, сакаме Бугарите да бидат рамноправни со сите останати делови од народи. Ние не зборуваме за малцинства. Сакаме да бидат рамноправни со Албанците, Турците, Власите… “Дали тоа ќе се случи, зависи од власта и од македонските Бугари, кои веќе се активизираат, но тоа веќе е задолжителен услов, за да разговараме за преговори за влез во ЕУ.Внесувањето на Бугарите во Уставот и гаранции за нивното учество во политичкиот, економскиот, социјалниот, културниот итн живот во РС Македонија. Тоа значи дека ние ќе очекуваме Бугари пратеници во македонското собрание“, дециден е Ноев.

Во однос на најавите за создавање на нова партија што ќе ги застапува правата на Бугарите во РС Македонија, Ноев вели дека таква партија во земјата постои и таа се вика Граѓанско демократска унија.

„Таква партија што ги отсликува интересите на Бугарите во Македонија веќе постои и таа се вика Граѓанско демократска унија. Има некакви обиди на бугарски ентузиасти да најавуваат некакви нови партии. Тоа не се случува така.

За средбите на некулкуте невладини организации на македонски Бугари и политичката партија ГДУ со бугарскиот државен врв и лидерите на речиси сите поголеми политички партии во Бугарија, Ноев истакна дека тоа е фундаментален развој на односот на Бугарија кон РС Македонија.

„Легитимните, традиционите организации на Бугарите во РС Македонија, беа во посета на Бугарија, пред десетина дена, тие беа примени не само од државниот врв, тие беа примени од лидерите на сите политички партии во Бугарија. На нив македонските Бугари им порачаа: Ние сакаме вие да не штитите, во нашиот законски стремеж за рамноправност.Бугарските лидери кажаа да, вие ја имате нашата поддршка. Откако ќе се конституира новиот состав на парламентот, повелете да разговараме. Тоа е фундаментален развој во односот на Бугарија кон РС Македонија“, вели Ноев.

Што уште кажа Бојко Ноев погледнете во видеото што следи:

Слични Објави