ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ТРАГИЧНОТО ЗАГИНУВАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ТУРИСТИ НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“

Со откривање на новиот споменик и положување цвеќе пред спомен-плочата до самиот паметник денеска беше одбележана 11-годишнината од трагичниот настан што се случи на Охридското Езеро, кога при потонување на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи –  државјани на Република Бугарија.

loading...

– На секој 5 септември се собираме да оддадеме почит на 15-те бугарски граѓани кои пред 11 години загинаа на Охридското Езеро. На десетгодишнината од несреќата пред мене беше моделот на овој споменик. Денеска тој е реалност. Од една страна тој е уметничко дело достојно за уважување, а од друга тој е симболот што ќе може да го види секој бугарски граѓанин што ќе дојде во Охрид, на ова прекрасно место и да си спомнат на таа несреќа, дел од нашата заедничка историја, рече амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов.

Заменик-градоначалникот на Охрид Ристе Николески во оваа прилика истакна дека срцата на охриѓани се исполнети со тага, а мнислите се со најблиските на жртвите во несреќата.


loading...

– Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили анстани. Сите години правиме се за да ја подигнеме безбедноста во водите на Охридското Езеро и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатака. Денеска сме тука за да им оддадеме почит на загинатите пред новиот паметник. Овој чин е само показател на зацврстување на веќе добрите пријателски односи меѓу Македонија и Бугарија, рече Николески. (Повеќе на 24.мк)