Макрон по средбата со Радев: Ја зајакнуваме нашата соработка за посуверена и пообединета Европа
Ја зајакнуваме нашата соработка и работиме заедно за посуверена и пообединета Европа. Ова го напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Facebook, по средбата со бугарскиот премиер Румен Радев во Париз, јавува БГНЕС.
Главните акценти што двајцата лидери ги разгледаа се одбраната и безбедноста, енергетиката и конкурентноста.
„Ми претставува задоволство да го пречекам Румен Радев, премиер на Бугарија. Одбрана и безбедност, енергетика, конкурентност – ја зајакнуваме нашата соработка и работиме заедно за посуверена и пообединета Европа“, напиша Макрон.
БГНЕС потсетува дека на 24 мај Макрон ги осуди руските напади врз „цивилни цели“ во Украина и извештаите за употреба на хиперсонична балистичка ракета „Орешник“, способна да носи нуклеарно оружје.
„Руските напади врз цивилни цели во Украина продолжуваат… Франција го осудува овој напад и употребата на балистичката ракета „Орешник“, напиша Макрон.
Тој додаде дека нападите претставуваат остра ескалација на војната и ја одразуваат безизлезноста на агресивната војна на Русија.
Во февруари францускиот претседател изјави дека Европа ќе мора да изгради нова рамка за заедничко постоење со Русија за да спречи идна воена ескалација.
„Доколку постигнеме договор за Украина, сепак ќе мора да се справуваме со една агресивна Русија“, изјави Макрон на Минхенската безбедносна конференција. „Ќе мора да дефинираме правила за заедничко постоење кои ќе го ограничат ризикот од ескалација“.
