НА СДСМ КАКО ДА ИМ НЕДОСТАСУВА ГРУЕВСКИ, ГО НАРЕКОА МИЦКОСКИ ПОГОЛЕМ ЛАЖГО И ОД НЕГО
„Мицкоски е поголем лажго и од Никола Груевски, излегува на прес конференции за да не каже ништо, го интересира само неговата партиска фотелја“ се вели во партиското соопштение на владејачката партија СДСМ.
Од таму додаваат дека „во време кога целиот свет, целата држава и сите институции беспоштедно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се впрегнати во дневна политика полна со лажни вести, невистини и празни обвинување“.