СЕЛЕКТИВНОСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО: ЈАНКУЛОСКА И ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ПО ПРАВОСИЛНАТА ПРЕСУДА НЕ Е ВО ЗАТВОР

//

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска иако веќе осудена на четири годишна затвроска казна, таа сè уште е на слобода, бидејќи Врховниот суд го одложи издржувањето. Ова беше на најзино барање, првично до Кривичниот, а потоа и од Врховниот суд бидејќи на 1-ви јули 2019 година кога требаше да влезе во Идризово, нејзиното бебе немаше наполнето една година, јавува ТВ21.

Од Врховниот суд велат дека издржувањето на затвроската казна е одложено се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.



„Јас мислам дека се работи за селективност. Вие знаете и запознаени сте дека кога веќе пристигна упатниот акт дека веќе многу кратко време за да се испрати осуденото веќе лице на издржавање на казната. Меѓутоа во случајов се употребува вонреден правен лек за преиспитување на правосилната судска одлука“, истакна Насер Рауфи.

Претходна статија

„КАТАР ЕРВЕЈЗ“ СО ПОДАРОК ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ШИРУМ СВЕТОТ

Следна статија

МАКЕДОНИЈА НЕ Е СЕВЕРНА- МАКЕДОНИЈА СЕ ПРЕТВОРА ВО ГДР

Најново од Вести