Ковачев: Позицијата на Софија не зависи од тоа чија е власта во РС Македонија

//

Нема никаква причина за промена на бугарската позиција во однос на РС Македонија. Позицијата на Софија не зависи од тоа кој е на власт во нашата соседна земја. Ова во интервју за БГНЕС го изјави европратеникот од редовите на Европската народна партија Андреј Ковачев.

„Нема причина за било каква промена во бугарската позиција во однос на РС Македонија, затоа што не може да има промена во нешто, што ние сме го истакнале. Спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 г., прекин на дискриминацијата на граѓаните на РС Македонија со бугарска етничка припадност, прекин на говорот на омраза и прекин на манипулациите и фалсификувањето на историјата. Тоа се темите, што треба да бидат решени и тоа со гаранција за нас. Тие се исклучливо европски, затоа што се поврзани со европските вредности за недискриминација и толеранција. По тие теми не може да се очекува промена на бугарската позиција“, вели Ковачев.

Тој подвлече дека бугарската позиција за почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ не зависи од промена на власта во Скопје.

„Не може да се очекува од Софија, таа да менува нешто. РС Македонија е кандидат за влез во ЕУ, ние го подржуваме тоа. Тоа сме секогаш сме го правеле, но пред се основано на европските вредности, а не на идеологијата од времето на диктаторот Тито, со сите нејзини производни, бидејќи истата се темели на дискриминацијата на граѓаните кои отворено ја истакнуваат својата бугарска етничка припадност“, вели Ковачев.

Европратеникот истакна дека внимателно го следи политичкиот процес во РС Македонија.

Ковачев го предупреди лидерот на опозицијата Мицкоски, дека со неговите активности додатно ја оддалечува европската перспектива на Скопје.



„Ги набљудуваме изјавите на Мицкоски, кој пред извесно време истакна дека, ако стане премиер ќе го раскине еднострано Договорот со Бугарија. Тоа по никаков начин, нема да помогне за влезот на РС Македонија во ЕУ. Видовме дека во одредени градови во РС Македонија, каде што мнозинството е на ДПМНЕ, се враќа името Република Македонија, тоа ќе донесе проблеми со Преспанскиот договор и до нервоза кај Грците“, истакнува Ковачев.

Според него и во самата Влада на Заев нема единствено мислење по тоа прашање.

„Додека Никола Димитров се служи со провокации и ја извитоперува бугарската позиција, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обидува, макар и многу внимателно да праќа позитивни сигнали, за тоа дека граѓаните кои ја истакнуваат својата бугарска етничка припадност, треба да имаат исти права со останатите, да не бидат дискриминирани и да имаат пристап до државната администрација. Тоа се сигналите дека има различни мислења во самата влада“, вели Ковачев.

Претходна статија

Уценувале бизнисмен за 75.000 евра – приведени вработен во АНБ и обвинет за „27 април“

Следна статија

(Видео) Ноев: Романтиката заврши- Бугарија бара Бугарите да бидат рамноправни со сите останати делови од народи во РС Македонија

Најново од Вести