|

ЗАКАНАТА ОД ПОЖАРИ НА НАЈВИСОКО НИВО

По обилните дождови изминатиот месец Макединија конечно под влијание на силен топлотен бран. За викендов и неделата која следи се најавени високи температури и суво време што носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно дејствување, граѓаните се отсетуваат и известуваат дека е забрането палење стрништа и оган на отворен простор.

Огнот на отворен простор честопати не може да се контролира и лесно може да се прошири на околните шуми. Лицата што ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.

Доколку граѓаните забележат каква било опасност од пожар или запалена површина, упатуваме апел да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 – Противпожарната служба или 195 – Центарот за управување со кризи.



Слични Објави