РУБЉАТА ПАДНА ДО НАЈНИСКО НИВО ОД 2016 Г.

Вести Истакнато Свет

Американскиот долар го премина прагот од 67 рубли за прв пат од април 2016 година, додека едно евро се купува за 76,77 рубли.  Русија ќе го смета како “прогласување на економска војна” евентуалното прифаќање на втор бран американски санкции и ќе реагира со сите средства со кои располага, предупреди денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. Вчера САД најавија дека ќе воведат нови економски санкции кон Русија поради труењето на поранешниот руски шпион Скрипал со нервниот гас “Новичок” во Велика Британија.  Руската централна банка ја определи црната недела за рубљата како “природна реакција на финансискиот пазар пред потенцијалните нови санкции”. Евентуалниот нов бран санкции може да вклучи затворање на американските аеродроми за руски авиокомпании и дури прекинување на дипломатските односи меѓу двете земји.