| |

Макрон разговарал со Зеленски по неговиот спор со Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со неговиот украински колега Володимир Зеленски по неговиот спор со Доналд Трамп во Белата куќа, пренесува БГНЕС.

„Да, тие разговараа“, потврди советникот на Макрон по невидената вербална пресметка меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба.

Неколку минути по бурната средба во Вашингтон, Макрон повика на „почит кон оние кои се борат од почетокот“. „Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и воведовме санкции кон Русија пред три години и продолжуваме да го правиме тоа“, изјави Макрон за новинарите во Лисабон.



Слични Објави