Децата од Гора и Голо Брдо добија подароци од Бугарија за Божик и Нова Година
Со финансиска поддршка на бугарската држава здружeнието „Бугарите во Албанија“ од градот Елбасан им подели подароци на децата од албанските региони Гора и Голо Брдо, каде што живее компактно бугарско население. Доделувањето на подароците се одржа во присуство на амбасадорот на Бугарија во Тирана Ивајло Киров, јавува БНР.
Иницијативата оваа година беше поддржана од општините Кукс и Булкиза, кои позитивно ја оценија политиката на бугарската држава за еднаков третман на сите деца со давање подароци на сите ученици од соодветните населени места, без разлика како се изјаснуваат нивните родители, велат од бугарската амбасада.
На делењето на подароците во селото Големо Острени во областа Голо Брдо присуствуваше и градоначалничката на општина Булкиза Фестиме Миештри.