| |

ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО ХРВАТСКА: БУРИ, ДОЖДОВИ И БРАНОВИ ОД НАД 6 МЕТРИ

Силен ветер проследен со обилен дожд зафати голем дел од Хрватска. Јадран од вчера е под црвен метеоаларм. Властите во Дубровник издадоа вчера посебно предупредување за граѓаните, откако крајбрежјето на Истра е под вода, а на сила е портокалово ниво на тревога.

Во Сплит противпожарните служби биле приморани да сечат стебла кои паднале врз автомобили. До вчера беа регистрирани вакви инциденти со најмалку 15 возила.

Во Дубровник ветрот е на граница на оркански просек и најголемата сила е регистрирана од 144 километри на час. Во Палагружа брановите достигнувале висина и до 6 метри.

Во Сплит поплавени се ниските делови на брегот, а на Бачвице водата ги поплавила кафеаните. Силниот ветер искорнал и дел од фасада на училиште изградено пред неколку години, поради што наставата е прекината.

Поплавена е градската плажа во Омиш.

Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување за подрачјето околу Дубровник, поради оспасност од уривање на дел од фасадите и паѓање на дрвја.

Сите служби се ставени во состојба на приправност поради можноста од поплави поради циклонската плима.

Во Шибеник поради ветрот во прекин се бројните поморски линии, меѓу кои и онаа која го поврзува копното со островите од шибенскиот архипелаг Зларин, првич, Каприја и Жирје.

Посебно предупредување има за поморците поради силната бура и источниот ветер во северниот дел на Јадран.

Истранет објави дека во поголем дел од градовите има изразена плима, а најмногу дожд досега паднал во Пула.



Слични Објави