|

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, истакнува Демири.

Таткото на Леонид, Бранко Индов денеска до Фондот за здравство поднесе жалба против одлуката на првостепената лекарска комисија при ФЗОМ која го одби лекувањето на неговиот син во странство со образложение дека не било лекување туку рехабилитација.



Слични Објави