„ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ-КОЉО“: МЛАДИТЕ ЖИВОТИ ВРЕДАТ!

„Благодарност и едно големо БРАВО за сите кои присуствувавме на вчерашниот протест.
Благодарност до сите поединци кои самоиницијативно се вклучија во организацијата и помогнаа маршот да помине во најдобар ред.

Нека им биде на сите кристално јасно, дека нема тука да застанеме. Ќе се собираме, ќе маршираме и ќе го покажеме нашиот револт на улица се додека не ја добиеме посакуваната ПРАВДА, за НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!
Ќе ја покажеме нашата сила преку сплотеност и обединетост во борбата за ПРАВДА во оваа држава. Дека нема да трпиме систем кој убијците ги наградува со минимални казни затвор. Систем во кој непристрасно и независно судство е мисловна именка.

Нека биде запаметено дека преку 2500 граѓани излегоа на улица за да покажат дека се незадоволни од неправедната пресуда.
ИТНО бараме случајот да биде одново разгледан, а овој пат казната да биде соодветна и построга.

Младите Животи Вредат. Младите животи се НАЈВАЖНИ.
САКАМЕ ПРАВДА!
ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!

Сите кои имате фото и видео материјали од протестот, слободно објавете ги во коментар. Најдобрите фотографии ќе бидат објавени во наредните денови“, стои во објавата на организаторите на протестот што вчера се оддржа под мотото „Повик за правда“.