|

Гечев: Бугарија и РС Македонија ќе изгубат многу, ако не соработуваат

Министрите за земјоделство на Бугарија и РС Македонија Јавор Гечев и Лупчо Николовски разговараа за новите перспективи на односите меѓу двете земји во областа на земјоделството.

За можностите за заеднички проекти во Скопје разговараа бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија Лупчо Николовски. Од бугарска страна на разговорите учествуваа и замениците министри за земјоделство Георги С’бев и Тодор Џиков.

Подготвени сме да го споделиме нашето искуство од патот што го поминавме за влез во Европската унија и заедничкиот пазар, како и добрите практики и оваа размена може да започне токму сега“, рече министерот Гечев. Тој посочи дека светот во моментов се соочува со сериозни предизвици, а двете земји ќе загубат многу доколку не соработуваат.

Бугарскиот министер за земјоделство наведе конкретни прашања на кои двете земји можат да работат заедно: на пример, заштита на производите со географски ознаки, заеднички туристички и вински рути, ловечки туризам. Така можеме да ги промовираме нашите традиции“, рече Јавор Гечев.

Земјите од Балканот треба, во духот на пријателството, да бараат можности за заеднички проекти, за развој на науката и земјоделството, вклучително и користење на програми за прекугранична соработка, вели Гечев.

Бугарскиот министер за земјоделство коментира и дека земјоделците од Република Северна Македонија треба да бидат подготвени на побарувачката за големи количини на производство по влезот во ЕУ. Јавор Гечев додаде дека двете земји имаат квалитетни земјоделски производи кои можат да ги промовираат. Во исто време, депопулацијата на руралните средини е глобален тренд и затоа е неопходно да се има насочени политики за нив и да се зачуваат многубројните мали и средни земјоделци.

Во рамките на посетата, бугарската делегација посети работилница за производство и конзервирање на органска храна, производи кои се продаваат и во Бугарија.

Јавор Гечев го информираше Љупчо Николовски за претстојните меѓународни изложби во Бугарија на вино, прехранбена технологија, лов и риболов, кои ќе се одржат на почетокот на следната година и ја покани РС Македонија да учествува на нив со свои претставници. Следниот состанок за продолжување на заедничката работа меѓу двете земји во областа на земјоделството ќе биде во Бугарија.

Слични Објави