| |

Д-р Врабевски: Бугарите од РС Македонија треба да бидат ислушани во Европскиот парламент

Пред неколку дена фондацијата ,,Бугарска памет ” започна нова социјално информативна кампања ,,Од двете страни на границата ” која има за цел да го поддржи добрососедството меѓу Бугарија и РС Македонија.

Иницијативата има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон неопходноста кон правилна и ангажирана политика за добрососедство и пријателството меѓу државите а исто така и да покаже дека одамна е дојдено времето за дипломатија и сплотеност во името на светлата иднина на младите генерации и на заедничката историјата, корени и култура.

Кампањата на фондацијата ,,Бугарска памет ” совпадна со поредниот напад врз бугарскиот клуб во Охрид ,,Цар Борис III”. Д-р Милен Врабевски основач и претседател на фондацијата смета дека Бугарите од РС Македонија треба да бидат ислушани во Европскиот парламент за тоа што им се случува.

,, За да се разбере каков е односот кон нив, да се дознае дека ако јас преговарам со директорка на училиште за заеднички проект по програмата Еразмус+ , потоа тајната полиција ја вика директорката и почнува да ја заплашува со бркање од работа, губење на пензијата и што ли уште не. Јас нема како да не се замешам”, вели д-р Врабевски.
Според него тоа е можно да се случи во следните 20-тина дена.

Слушнете го целото интервју на д-р Милен Врабевски на следниот линк.



Слични Објави