ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА НЕ ГО ПОТПИШУВА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ, МОРА ДА СЕ СПРЕЧИ БЕЗЗАКОНИЕТО

/

Демократскиот сојуз не го поддржува Законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти и бараме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние кои ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос.

-Има објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на деталните урбанистички планови и објекти кои ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови. Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите, велат тие.

Според нив чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи, додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина.



-Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн, додаваат оттаму.

Претходна статија

НОВАТА БУГАРСКА ТЕХНИЧКА ВЛАДА НА ПРЕМИЕРОТ СТЕФАН ЈАНЕВ ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА

Следна статија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ГОСТИВАРЕЦ ЗА ШИРЕЊЕ РАСИСТИЧКИ И КСЕНОФОБИЧЕН МАТЕРИЈАЛ НА ФЕЈСБУК

Најново од Вести