Денес и утре не очекува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи
Денес кон крајот на денот и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Утре и во четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.
Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
