АЗАР: ЈА ДОНЕСОВ ОДЛУКАТА ОКОЛУ ИДНИНАТА, НО НЕ Е СÈ ДО МЕНЕ

Еден Азар веќе ја донел конечната одлука околу неговата иднина. Засега нема ништо официјално, но уште пред две недели му соопштил на клубот каде сака да ја продолжи кариерата.

Запрашан од медиумите дали финишот на третото место на табелата во Премиерлигата и пласманот во финалето од Лигата на Европа ја промениле неговата конечна иднина, Белгиецот вели дека ништо не е сменето.

„Не, не верувам. Јас ја донесов мојата одлука и тоа е тоа. Јас ја донесов одлуката, но не се работи само за мене. Имаме финале за играње, а потоа ќе видиме. Сакав оваа ситуација веќе да биде решена, но тоа не се случил. Јас и натаму чекам, како што чекате и вие, како што чекаат и навивачите“, изјави Азар.

Шпекулациите секојдневно се зголемуваат дека Азар од идната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Извор: Спорт1



Слични Објави