|

Денеска без струја Центар и Карпош

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Центар.

Oд 9 до 12 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Горно Нерези.

Oд 9 до 13 часот корисниците од улицата Крсто Баиќ и улицата Јордан Хаџи-Константинов Џинот ќе останат без електрична енергија.

Слични Објави