ДЕНЕСКА ГЛАСААТ ЛИЦАТА БОЛНИ ОД КОВИД-19 И ЛИЦАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, А УТРЕ БОЛНИТЕ И ИЗНЕМОШТЕНИТЕ

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе денеска во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули, јавува Алсат М.

loading...

До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во самоизолација.

Утре ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор. Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК прифатени се барањата на 8.852 лица.


loading...