|

Денеска ќе се знае кој се ќе учествува на локалните избори

Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.

Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 23 септември треба да го одреди нивниот редослед на гласачките ливчиња.

За потсетување, кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа, кандидатските листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.

Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ. Изборите годинава за првпат ќе се одржат со терминали  отисоци од прст, како начин да се спречи евентуална злоупотреба на гласовите.

Слични Објави